Во налетот на ураганот Нора, што ослабна до степен на тропска бура, загина еден човек во Мексико, а седум лица се сметаат за исчезнати, јавија локалните медиуми.

Бурата предизвика поплави и лизгање на земјиштето.

Властите во државата Халиско соопштија дека едно момче од Шпанија загинало откако делумно се урнала зграда во туристичкиот град Пуерта Валарта по поројните дождови и силните ветрови.

Околу 500 домови беа погодени од поплави, а две лица се повредени при свлечиште. Шестмина рибари од државата Гереро се исчезнати во морето.