Армијата на Република … Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок. Одлуката за професионална војска ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата, велат од МО.

Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право,  можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат. Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова, додаваат оттаму.