Во Москва убиен научникот кој помогнал во развојот на вакцината „Спутник В“

/ 04.03.2023

Андреј Bотиков, научник кој помогнал во развојот на руската вакцина против ковид, „Спутник В“, е убиен во стан во Mосква, соопшти Истражниот комитет на руската федерација.

Истрагата покажала дека по расправија, 29-годишен маж со појас го задавил 47-годишниот Ботиков во станот каде што живеел. Осомничениот набрзо бил уапсен, а руските медиуми го идентификуваа како Алексеј 3., поранешен осуденик кој поминал 10 години во затвор.

Ботиков беше еден од 18-те научници кои ја развија вакцината Спутник V во 2020 година и беше одликуван со орден за заслуги од претседалот Путин.


Од истата категорија