БРИТАНСКО РАЗУЗНАВАЊЕ: Украинските сили се изложени на зголемен притисок при одбраната на Бахмут

/ 04.03.2023

Украинските сили кои го бранат Бахмут се изложени на зголемен притисок од руските сили, соопшти денеска британското воено разузнавање, истакнувајќи дека во и околу градот се водат жестоки борби.

Украина ја засилува областа со елитни единици, додека руската редовна армија и силите на приватната воена компанија „Вагнер“ напредуваа понатаму во северните предградија Бахмут, соопшти британското Министерство за одбрана на својот дневен извештај на Твитер.

Два клучни моста во Бахмут се уништени во изминатите 36 часа, а рутите за снабдување под контрола на Украина се сè поограничени, додаваат од британското воено разузнавање.

Руската артилерија вчера изврши масовно гранатирање на последните патишта што водат од Бахмут во обид да го заврши опкружувањето на опколениот град.


Од истата категорија