Четворица возачи превезувале ученици во Македонија без возачка дозвола, соопшти МВР за нивнмата денешна акција.
Еден од превозниците немал ни лиценца за работа, а 21 автобус биле испратени на вонреден технички преглед.
– Денеска во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на РС Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 60 сообраќајни прекршоци. Од нив четири за возење без возачка дозвола, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.
Министерот Оливер Спасовски во неколку наврати деновиве соопшти дека Македонија е најбезбедна земја во регионот, а министерството со кое раководи соопштува дека во „безбедната земја“ возачи без возачка и фирми без лиценца ни ги превезуваат децата.