Пет луѓе загинаа откако напаѓач упадна во католичка катедрала во бразилскиот град Кампинас и првично убил четири луѓе, а потоа и себеси на олтарот.
Четири постари лица се здобиле со тешки повреди во нападот на маж кој пукал во верници од две пушки. Градот се наоѓа на околу 100 километри северозападно од Сао Паоло. Ранетите се префрлени во болница во тој град.
Засега не е утврден идентитетот на напаѓачот ниту мотивите. Според податоци на ОН, во Бразил минатата година биле убиени околу 64.000 луѓе, најмногу во која било држава во светот.