Во Холандија по „жолтите елеци“ на улица излегуваат и „црвените елеци“ кои, организирани преку социјални мрежи, ќе протестираат в недела во Утрехт против владините политики.

Во соопштение се нагласува дека потребно е да се прекине како што наведуваат, лошата власт која со години ја предводи премиерот Марк Руте, и повикуваат на изградба на Холандија со силна социјална политика.

Во Холандија веќе втора недела на повик на групи од екстремната десница траат антивладини протести поради Договорот за миграција на ОН, за условите за пензија, трошоците за лекување и образование и проблемот со мигрантите.