Поранешен канадски дипломат е уапсен во Кина и неговиот сегашен работодавач вели дека работи на „брзо и сигурно ослободување“. Апсењето го потврди и Канада.

Меѓународната криза група соопшти дека е „запозната со извештаите“ за апсењето на Мајкл Ковриг, кој за нив работи од февруари 2017 година како советник за североисточна Азија.

Ковриг претходно работеше како дипломат во Пекинг, Хонг Конг и во ОН во Њујорк. Деталите за апсењето засега не се познати. Канадскките власти пред неколку дена ја приведоа Менг Ванжу шеф за финансии на Хуавеј. Засега не е познато дали постои врска меѓу двата случаја.