Времето во Македонија денеска е сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. УВ=8
И во следните денови во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Утре поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови.
Во четврток времето ќе биде сончево и топло, со услови за ретка појава на краткотраен дожд, со максимална температура до 34 степени.
Додека во петок попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, но максималната температура ќе се искачи на рекордни 35 степени за овој период од годината.