Студентите на Државниот универзитет во Њујорк (СУНУ) и Градскиот универзитет во Њујорк (ЦУНУ) ќе бидат обврзни да се вакцинираат протов Ковид-19 доколку планираат да посетуваат настава оваа есен, соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.
Барањето, кое ги опфаќа над 435.000 редовни студенти, се случува во момент кога Куомо и други официјални претставници нудат голем број можности, со цел да ги поттикнат луѓето да се имунизираат, бидејќи е забележано намалување на побарувачката за вакцини.
– Веќе нема изговори. Одборите на СУНУ и ЦУНУ ќе бараат задолжитено вакцинирање за сите студенти кои на есен ќе се вратат на факултетите, истакна Куомо.
Гувернерот, кој има конечна власт над метроата во Њујорк, исто така, најави дека патниците ќе добијат бесплатни седумдневни пропусници за системот за вакцинација на пунктови на станиците, каде ќе се даваат вакцини на производителот Џонсон и Џонсон, почнувајќи од утре.
Приградските железнички служби, Лонг ајленд рејлроуд и Метро норт, ќе понудат две системски еднонасочни карти за патниците кои ќе примат вакцина на нивните станици.
– Размислете за ова. Секако влегувате во метро станиците. Минувате покрај местата за вакцинација. Тоа е еднократна вакцинација. Застанете, одвоите неколку минути и примите вакцина, додаде Куомо.
Куомо, кој минатата недела најави договор за купување билети со Јенкис и Метс, двата главни бејзбол клуба во Њујорк, рече дека половина од билетите за претстојниот плејоф натпревар на Националната хокејска лига во Њујорк ќе бидат резервирани за вакцинираните навивачи. г