Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево, се пофали министерот Филипче. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk, истакна тој.

Инаку, овие вакцини беа спорни поради појавата на тромбови кај некои лица кои ја примиле, при што имаше и смртни случаи.