Турскиот претседател Таип Ердоган ќе се сретне со својот колега Владимир Путин во руското одморалиште Сочи на 4 септември за првенствено да разговара за извозот на жито од Црното Море, изјавија два турски извори.
Двајцата лидери ќе разговараат за последиците од војната во Украина, како и за договорот што овозможи извоз на украинско жито преку Црното Море, изјавил еден од изворите.
Црноморскиот договор за жито, постигнат со посредство на Турција и Обединетите нации во 2022 година, заврши откако Русија се повлече во јули.
Оттогаш Анкара се обидува да ја убеди Москва да се врати на договорот.