На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска стигна првата група од 180 туристи од холандскиот град Ајндховен, кои организирано ќе летуваат на Охридско-струшката ривиера преку аранжманите на туроператорот ТУИ.
Сезонските летови на релација Ајндховен – Охрид – Ајндховен ќе оперираат до 21 септемви, двапати седмично секој понеделник и секој петок.
– Многу сме среќни што ТУИ ги проширува своите операции, носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи и повеќе туристи на прекрасното Охридско Езеро. Се надеваме дека пакет-аранжманите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од другите европски земји кои ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат нејзини редовни посетители, изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој.
Авиони на ТУИ веќе оперираат на линијата Амстердам – Охрид –
Се проценува дека преку сезонските летови од Ајндховен на охридскито аеродром ќе пристигнат до 3,5 илјади патници, додека вклучително со летовите од Амстердам во Охрид да допатуваат околу 15 илјади туристи од земјите на Бенелукс.
„ТАВ Македонија“ има фреквентна летна сезона на охридскиот аеродром. Годинава сезоната беше отворена на 15 април, со стартот на новата авиолинија Истанбул-Охрид-
Покрај Истанбул и Ајндховен, како нови дестинации на охридскиот аеродром во текот на летото 2018 година, ќе бидат отворени и летовите од Талин и Варшава.
Со овие четири нови за 2018 година и постојните до Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ има осум сезонски дестинации. Во моментов од охридскиот аеродром оперираат и три редовни авиолинии во текот на целата година: за Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година „Виз ер“ ќе ја отвори новата линија за Виена, како редовна авиолинија, оперативна во текот на целата година.