Во босанското село Горња Маоча ниту еден од 87-те жители не гласал на изборите одржани во неделата.
Жителите на селото очлигледно не чувствувале потреба да го остварат граѓанското право за гласање на општите избори.
Горња Маоча со години се смета за упориште на вахабистите и своевремено таму Коранот го изучувал Јасмин Кесеровиќ, најпознатиот терорист од БиХ. Од Гоња Маоча е и Мевлудин Јашаревиќ кој во 2011 година пукаше во американската Амабсада во Сараево.