Американскиот претседаел Доналд Трамп потврди денеска дека амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли поднела оставка и дека тој ја прифатил.

Се очекува Хејли да ја напушти функцијата во крајот на годината. Трамп наведе дека Хејли му рекла уште пред шест месеци дека сака да се повлече од таа функција.

Трамп ја пофали Хејли за работата и изрази надеж дека таа ќе се врати во администрацијата во друга улога, да „може да бира што сака“.

Претседателот на САД додаде дека во следните 2-3 недели ќе објави кој ќе биде новиот амабсадор во ОН. Хејли беше гувернер на Јужна Каролина, пред да биде назначена во ОН од Трамп во ноември 2016 година.