Градот Гвадалахара во Мексико, усвои нови закон со кој се дозволува секс во јавност и егзибиционизам, но само под еден услов – никој да не се пожали.

Целта на законот е да се спречи локалната полиција, која зема пари од двојките кои разменуваат нежност во јавноста, вели  еден од советниците кој ја претстави иницијативата.

Во новиот закон стои „сексот или егзибиционизам од сексуална природа на јавни места, внатре во возило или на приватни локации во јавноста сега се смета за административен прекршок само во случај некој од граѓаните да бараат полициска интервенција”.

Законот е донесен бидејќи 90 отсто од студентите се пожалиле дека полицијата им бара пари за неморал и егизниционизам. Со законот, се смета дека полицијата ќе се фокусира на други побитни работи.