Во периодот од 8:00 до 00:00 часот во петокот булеварот „Никола Карев“ (познатата Пластичарска улица) комплетно ќе биде затворен за сообраќај дел од неговиот коловоз, на потегот од крстосницата со улицата „Македонско-косовска бригада“ до крстосницата со улицата „Самоилова“.

Од Град Скопје информираат дека затворањето за сообраќај ќе биде поради изведување градежни работи за асфалтирање на овој булевар.

Додека траат градежните работи, посочуваат од Град Скопје, на оваа делница ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Оттаму апелираат до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим на овој булевар и поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот