Во Италија во последните 24 часа од корона вирусот умреле 133 лица, најмногу досега.
Вкупниот број на починати од оваа болест со тоа се зголеми на 366 луѓе.
Од вкупниот број на заразени 7 375 лица, досега само 633 се опоравиле.
Во болница се 3557 лица, а 605 од нив се на интензивна нега, што значи бројот на починати ќе продолжи да се зголемува.
Инаку, од утрово, 16 милиони луѓе во Италија се во карантин, откако премиерот Џузепе Конте потпиша уредба за изолација и блокада на најзогрозените подрачја. Влезот и излезот го контролира полицијата.