Девет члена на едно семејство се меѓу 17. загинати во бродот-амфибија кој потона вчера за време на силна бура во Мисури, објави УСА тудеј. Два члена од истото семејство успеале да ја преживеат несреќата.
Денес од водите на езерото биле извлечени уште четири тела, со што бројот на жртвите се искачи до 17. Седум патници на бродот се повредени, од кои двајца се во тешка состојба.
Бродот, хибрид на копнено и возило за на вода со 31 патник на палубата беше фатен вчера од ненадејна бура која била толку силна што за кратко време го превртела и тој потонал на длабина од 12 метри.
Капетанот на бродот ја преживеал несреќата.