Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која доби светска слава со нејзините навивачки настапи на штотуку завршеното Светско фудбалско првенство во Русија, продолжува со прегратки. Таа, покрај другото, стана популарна и по гушкањето на фудбалерите на Мундијалот.

Но, словенечкиот претседател Борут Пахор објави фотографија на која се гледа дека срдечноста на хрватската претседателка и е својствена не само на фудбалскиот туку и на политичкиот терен.

По нејзиното враќање од официјалната посета на Албанија, претседателката Китаровиќ имала неофицијална средба со Пахор, пишува хрватски Вечерњи лист.

Словенечкиот претседател оваа средба ја овековечи на својот профил на Твитер, на кој ја објави заедничката фотографија со краток опис „Прегратка“.

И хрватската претседателка објави нешто поофицијална фотографија од овој неофицијален состанок со колегата од Словенија.

Погледнете ги и двете фотографии.