Американскиот неделник Time се појави во продажба со насловна страница на која е лице со заеднички црти на Доналд Траммп и Владимир Путин.

Од рускиот лидер се земени, покрај останатото, фризурата и обликот на устата, а од Трамп и црвената вратоврска која ја носел на самитот во Хелсинки.

На насловната страница, покрај главата објавен е наслов: „Криза на самитот“.

Насловот би требало да упати на разговорот на Трамп со Путин во четири очи, после што за неделникот очигледно настапува катастрофа – подобрување на односите меѓу двете велесили.

Инаку, хистеријата на САД не се сведува само на ова. На Гугл,  ако го напиштете зборот „идиот“ и вклучите претражување, меѓу првите сугестии ќе ви се појави Трамп.

За беснилото на Си-Ен-Ен нема потреба да се зборува, а тука е и барањето на демократите да му се збарани на Трамп да разговара со Путин во четири очи.

Во комунизмот немаше вакви можности, но затоа тука беа политичките комесари кои се трудеа во вакви прилики секогаш да соберат маса на луѓе кои ќе врескаат против ваквите „предавници“.