Eдна од највредните уметнички академии на светот, таа во Глазгов, Шкотска, сместена во стара историска зграда, настрада во пожар што се случи ноќеска, четири години откако еднаш сериозно беше оштетета исто така во пожар.
Во пожарот немало повредени, соопштија пожарникарите, кои пред полноќ биле повикани да интервенираат.
Шкотската премиерка Никола Старџен изјавила дека „срцето и е скршено…Ова е навистина тешка ситуација“, напишала таа на Твитер.
Историската зграда на архитектот Чарлс Рени Мекинтош е стара повеќе од еден век. Истата таа зграда настрада во пожар во 2014 година.
„Мек беше во фаза на обнвоа по пожарот во 2014“, појасни градскиот советник Пол Свини.
Од архитектонски аспект станува збор за најважна зграда во Глазгов.
Уметничката академија во Глазгов е една од најстарите британски институции, посветена на уметноста и дизајнот, основана е во 1845. И од неа израснле бројни големи уметници.