Во престрелка на куќна забава во Чикаго повредени се 13 лица, од кои четворица се во критична состојба, соопшти чикашката полиција.
Пукањето се случило како резултат на расправија на домашна забава „во спомен на убиените во април“, рече началникот Фред Валер.Тој прецизираше дека првите истрели биле испукани малку по полноќ.
Жртвите се на возраст меѓу 16 и 48 години и претрпеле „различни прострелни рани на телото“.
Во моментов полицијата сослушува две лица, додаде Валер. Еден од нив беше уапсен со оружје, додека другиот беше ранет, појасни тој, дополнувајќи дека станува збор за „изолиран случај“.