Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави  дека Србија сака да гради добри односи со Хрватска, но дека од никој нема да трпи понижување.

На прашањето да ги коментира претседателските избори во таа земја и кој кандидат би можел да победи, Вучиќ рече дека нема да коментира затоа што не сака да се меша во внатрешните работи на друга земја.

Сепак, тој истакна дека не е толку убеден во официјалните прогнози за тоа кои кандидати се поблиску до победата и дека по ТВ-дуелот на претседателските кандидати, неговите заклучоци се различни од она што го кажуваат „диригираните медиуми“.

– Но, тоа не е моја работа, ние ќе градиме добри односи, но никогаш нема да трпиме понижувања, ниту кон српскиот народ, ниту кон Србија, истакна Вучиќ.