Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска се всели во нова зграда и веднаш се пофали со галерија слики за условите во кои ќе работи.

Груби, во септември веднаш штом стапи на функцијата, прво се всели во кабинетот на генералниот секретар на Владата, а неговиот кабинет од денеска е сместен во зградата што ја градеше поранешната власт на експремиерот Никола Груевски.

Груби на својот Фејсбук профил објави повеќе фотографи, меѓу кои и од неговиот кабинет.

Груби обајавата ја наслови на три јазици: Shtëpia jonë e re Нашиот нов дом Our new home.

Апсурдно е, но тоа е реалноста: Владата чиј прв вицепремиер е Груби, а премиер е Зоран Заев, денеска се испофалија со еден од спомениците од проектот „Скопје 2014“, што ги градеше старата власт. А актуелната власт на Заев со тн. шарена револуција дојде на власт со закана, и се уште не прекинала со заканите за уривање на „спомениците на Груевски“.

(Д.Г.)