Американскиот „Купидон на хаосот“ веројатно ќе го помине празникот Св. Валентин зад решетки во затвор во американската држава Охајо.

Мажот, идентификуван како Мајкл Мидлтон (43) оставил зад себе куп скршени срца откако се „враќал“ од држава во држава и склучил брак со минимум четири жени.

Полицијата од округот Франклин, во Охајо соопшти дека Мидлтон е во притвор без право на кауција.

Мајкл имал сопруги во државите Алабама и Џорџија. Во викентот било регистрирано дека тој има и четврти брак со жена од Кентаки. Бил уапсен откако полицијата добила дојава дека тој се наоѓа во реонот на Франклин.