Во рамки на оперативната акција „Кафе“, членовите на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) уапсија едно лице кај кое се пронајдени околу 22 килограми опојна дрога спид.
Портпаролот на СИПА, Лука Миладиновиќ изјави дека е извршен претрес на подрачјето на Ново Сараево, каде биле пронајдени и одземени 22 килограми спид.
Осомниченото лице е приведено во просториите на СИПА, по што во законски рок ќе биде предадено во натамошна надлежност на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево.