Научниците се обидуваат да откријат дали заледеното младенче пронајдено во Сибир кое е старо 18,000 години е куче или волк.Младенчето имало само два месеци кога умрело, а благодарение на ледените услови на Сибир, неговото тело било совршено зачувано со крзното, носот и забите.

ДНК тестовите не можеле да утврдат за кој вид на животно се работи, а научниците шпекулираат дека младенчето можело да претставува еволуциска врска помеѓу волците и денешните кучиња.Со радиокарбонско датирање е откриена староста на младенчето во времето кога умрело, како и колку долго било замрзнато. Анализите на геномите покажале дека се работи за мажјак.Истражувачот Дејв Стентон од Центарот за палеонтологија во Шведска за CNN рекол дека животното би можело да биде предец на кучињата и волците.„Веќе имаме многу податоци, очекуваме да утврдиме за што се работи поточно“, рекол Стантон.Научниците продолжуваат со ДНК секвенцирањето и сметаат дека откритието би можело многу да каже за еволуцијата на кучињата. Младенчето го нарекле Догор.

Се верува дека денешните кучиња се потомци на волците, но постои и дебата за тоа дека кога кучињата се припитомени. Во истражувањето објавено во 2017 година се наведува дека припитомувањето се случило пред 20 до 40,000 години.