Австралиските власти го продолжија заклучувањето во Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту три недели по воведувањето на првичните ограничувања, не е спречено најсериозното ширење на коронавирусот годинава во тој град.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, најави дека ограничувањата ќе останат во сила најмалку до 30 јули, наведувајќи дека во изминатите 24 часа се потврдени нови 97 случаи на зараза.

– Секогаш е болно да се каже, но ние мораме да го продолжиме заклучувањето најмалку уште две недели. Ние сакаме да се извлечеме од оваа ситуација што е можно побрзо и токму затоа мора да ги спроведеме мерките кои ни се на располагање, истакна Береџиклијан.

Локдаунот сега е продолжуван двапати, вкупниот потврден број на заразени од средината на јуни изнесува нешто помалку од 900, а регистрирани се и два смртни случаја меѓу пациентите инфицирани со Ковид-19.