На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 199 санкции за сообраќајни прекршоци од кои 100 се за брзо возење и 20 за возење без возачка дозвола.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 14 возачи возеле под дејство на алкохол, петмина користеле мобилен телефон и тројца немале сигурносен појас додека возеле. Санкции се изречени и за еден возач кој поминал на црвено светло, како и за 29 возачи кои непрописно ги паркирале возилата. Санкционирани се и седум возачи на нерестрирани возила.