При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени вкупно 224 мерки, меѓу кои и 133 санкции за движење со брзина поголема од дозволената брзина, 13 за управување со возило без возачка дозвола и 12 за возење под дејство на алкохол.
Како што информира МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 41 санкции за непрописно паркирање.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.