Глутница улични кучиња го растргнале белиот паун Белан кој го красеше дворот на црквата „Св.Архангел Михаил“ во скопската населна Автокоманда,соопштија на својот Фејсбук профил од храмот.
Како што информираа, нападот најпрвин се случил во дворот на храмот. Паунот бегајќи прелетал надвор од дворот, но таму го пречекала глутница од улични кучиња.
– Нашиот домаќин веднаш реагирал, но за жал било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња од кругот на студентскиот дом Стив Наумов. Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на храмот имаше: зајачиња, шатки,пауни,гулаби,коковчиња, дукатки и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби, се пожалија од црквата.