Полициски службеници вечерва во 21.15 часот затекнале десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Како што информира МВР, лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни поднесоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат какви било собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со коронавирусот.
-Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.
На социјалните мрежи вечерва се објавуваат видеа на кои се гледа како полицијата во синхронизација со Противпожарната бригада ги гаснат бадникарските огнови.