Заврши протестот во Софија организиран од партијата „Преродба“ против рестриктивните мерки, насочени за спречување на ширењето на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија. Протестот беше насловен „Време е да паднат маските“.

Демонстрантите накратко ги блокираа централните булевари во Софија. Демонстрантите стигнаа до бугарското Министерство за здравство. Тие усвоија декларација со нивните барања, која ќе биде доставена до Претседателството и до членовите на бугарската техничка влада.

Демонстрантите се изјаснија против рестриктивните мерки, задолжителното носење маски и поделбата на луѓето на вакцинирани и невакцинирани. Тие се изјаснија против воведените ограничувања и побараа да бидат отстранети. Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, партијата Преродба со лидерот Костадин Костадинов е проруска, се противи на ограничувањата против Ковид-19, бара повлекување на Бугарија од НАТО и ЕУ, и е против членството на земјата во Еврозоната и усвојувањето на еврото.