Во претходните 24 часа, во Србија тестирани се 15.679 граѓани за корона вирус, од кои 5.389 се новозаразени или 34 отсто од тетсирнаите биле позитивни.
Починаа 43 пациенти, а во болниците низ Србија има 217 пациенти на респиратор.
Еден ден претходно, 19.407 граѓани биле тестирани за корона вирус, од кои 6.192 беа позитивни за ковид или 31 отсто, така што денешната бројка е зголемување.
Во исто време, 40 пациенти починале, а 201 пациенти биле на апарати за дишење.