Во последните 24 часа во Србија биле потврдени 227 нови случаи на коронавирусот, а како последица на овој вирус починал еден пациент. Тестирани биле 9.072 луѓе, па процентот на позитивни е околу 2,5 отто. Ако се знае дека еден дел од тестираните, односно поголемиот дел од нив, тоа го прават заради патување, а не поради симптоми, тогаш излегува дека процентот е поголем.
Ако се гледа однсоот со бројот на жители, оваа бројка на позитвни во Србија би одговарала на 60 позитивни во Македонија, што е всушност знак дека делта сојот полека зема замав во соседната земја.
На респиратор се приклучени 8 пациенти.
Од почетокот на пандемијата тестирани се вкупно 4.563.171 граѓани, биле позитивни 718.817 а починале 7.084.