Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се девет нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 221. Истовремено, регистрирани се 53 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, по четворица од новозаболените се од Скопје и Тетово и еден во Кичево.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти и тоа од Скопје 17, од Тетово и Охрид по 9, Кичево 8, од Битола, Прилеп и Кавадарци по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар по 1.

Од МЗ, информираат дека не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 1.973 тестови и тоа преку ИЈЗ-117, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-43, Биотек-72, Систина-60, Никоб лаб-426, ВФВ Медикал-8, Ели Медика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.163.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 68759, Активни 85; Куманово 8891, Активни 13; Прилеп 8329, Активни 2; Тетово 7339, Активни 78; Битола 6310, Активни 2; Велес 5474, Активни 0; Гостивар 5196, Активни 14; Кавадарци 5155, Активни 0; Охрид 5023, Активни 4; Штип 4963, Активни 3; Струмица 4126, Активни 3; Струга 2985, Активни 4; Кочани 2793, Активни 1; Кичево 2603, Активни 6; Гевгелија 2196, Активни 1; Неготино 2184, Активни 0; Свети Николе 1525, Активни 1; Ресен 1234, Активни 0; Крива Паланка 1227, Активни 0; Радовиш 1161, Активни 0; Берово 1032, Активни 1; Делчево 973, Активни 0; Дебар 945, Активни 3; Виница 886, Активни 0; Пробиштип 789, Активни 0; Валандово 667, Активни 0; Богданци 494, Активни 0; Крушево 490, Активни 0; Демир Хисар 400, Активни 0; Демир Капија 396, Активни 0; Кратово 377, Активни 0; Македонски Брод 359, Активни 0; Пехчево 269, Активни 0; Македонска Каменица 249, Активни 0 и Дојран 132, Активни 0.