По одлуката за зголемување на рестриктивните мерки за угостителите, денеска се одржа средба помеѓу владини претставници и музичарите и угостителите. И но иако средбата поминала во најдобар ред (иако нема објаснување што тоа значи), сепак тие најавуваат дека во среда излегуваат на протест со цел да дадат поддршка за сите засегнати сектори од оваа пандемија.
Тв 21 објави дека тие на состанокот побарале да се повлече мерката за забрана за настапи во угостителските објекти со образложение дека целата естрада не може да „трпи“ поради одредени менаџери или сопственици на кафулиња коишто ги прекршиле протоколите со повикување на гости од регионот.