Очигледно дека Владата на РМ не испратила демант до бугарскиот портал БИГ5.бг кој вчера објави за вилата на Халкидики поврзувајќи ја со Зоран Заен, но порталот ја прочитал реакцијата и заканата на Владата до македонските меидуми, па тоа го сфатил како закана и кон себе, бидејќи оттаму тргна целата лавина.

БИГ5 му порачува на Заев најпрвин да научи бугарски па потоа да обвинува за ширење дезинформации, „Ние никаде не напишавме дека Заев е сопственик на вилата, туку дека ја користи како „къща – убежище“ односно како куќа засолниште“, пишува БИГ5.

Вчера, по истиот случај, и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПНЕ изјави дека тешко ќе се најдат документи дека вилата е на име на Заев, но веројатно е дека имињата кои се сопственици водат кон некого од неговата фамилија.

Како и да е, порталот објави, Владата и Заев демантираа, а еве што денеска БИГ 5 пиша денеска за Заев и воопшто за овој случај по владиниот демант:

„Владата на Северна Македонија испрати специјално соопштение со кое ги отфрла тврдењата на бугарските медиуми дека Зоран Заев има луксузна вила на Халкидики, пишува „Вечер“, цитиран од агенцијата Фокус.

„Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Заев, категорично и целосно ги отфрла информациите дека премиерот Заев има куќа на Халкидики“, велат од Владата на Заев.

„„Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни. Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност“, се вели во соопштението на Владата.

Потсетуваме дека во своето објавување од 4 октомври под наслов „Ексклузивно и само во БИГ5: Погледнете ја новата куќа – прибежиште на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики“ нашиот медиум никогаш не тврди дека куќата на брендираните фотографии што ги објавивме е лична сопственост на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и како што може да се види од насловот, ние ја нарекуваме „куќата – прибежиште“ на Заев, бидејќи според нашите информации и сведоштва на локалното население, Заев избрал да се одмора во неа.

Во нашата публикација јасно наведовме дека во 2018 година македонскиот информативен сајт „Пресс24“ објави дека Заев скоро секое лето ја посетувал Грција и уживал во неверојатен поглед на морето во 3-катна куќа и двор од 300 квадратни метри. Македонското издание исто така напиша дека „вилата е во Неа Модања и била веднаш до плажата и чинела околу 100 илјади евра“.

Сето ова се однесува на првата куќа спомената во нашиот текст, а за нејзината сопственост се повикуваме на грчкото издание „News.in“, кое пак се однесува на македонските медиуми.

Од една страна, и честитаме на Владата на Република Северна Македонија за најавената борба против дезинформациите – тоа е исто така важно во Република Бугарија. Од друга страна, BIG5 категорично не може да ја прифати дефиницијата дека шириме „дезинформации“ и „лажни вести“. Со истиот успех, БИГ5 може да ја тужи македонската  Влада за нарушување на угледот на публикацијата со слични обвинувања.

БИГ5 е официјален медиум со јасни сопственици и не толерира ширење гласини што можат да доведат до лажни вести.

Исто така, сакаме да нагласиме дека Бугарија е слободна земја и БИГ5 е слободен медиум. Во оваа линија на размислување, секој директен или индиректен начин на притисок од македонската влада врз слободата на говорот и приватните медиуми во Бугарија е целосно бесмислен и крајно неприфатлив.

Апелираме до нашите блиски соседи во Северна Македонија пред да им поделат квалификации и да упатат ултиматуми на бугарските медиуми, да научат бугарски јазик и потоа да си дозволат да користат екстремни дефиниции, како што се „дезинформации“ и „лажни вести“.

А, да повториме специјално за нив – во информациите на БИГ5 никаде не е наведено дека куќата од брендираните фотографии е лична сопственост на Зоран Заев или дека е заведена на негово име. Слични обвинувања беа изнесени и од македонските медиуми во 2018 година за куќата во Неа Модања. Ние само тврдиме дека Заев одмора во оваа куќа. Или можеби сега господинот Заев ќе рече дека никогаш не стапнал на Халкидики? Во Бугарија на ова му велиме: „Гузен бега, а никој не го гони“.