Завршија годинашните археолошки истражувања на античкиот урбан центар Стибера кај селото Чепигово, Прилепско. Од Заводот и музеј во Прилеп информираат дека новооткриената градба е прилепена до административната зграда на главниот градски пазариштен плоштад – агората.
-Според наодите што ги откривме, констатираме дека градбата е подоцнежна, односно датира од средината на третиот век, кога Стибера по насилните упаѓања на варварските племиња Херули и Готи ги губи својот сјај и високата политичка позиција што ја имала во рамките на Римската Империја. Под неа откривме и остатоци од постара градба од првиот век.