На денешен ден во 1904 година на Селечка Планина, во близина на прилепското село Селце, во борба против османлиската војска, загинал војводата Никола Каранџулов.

Тој е македонски револуционер, војвода и учител, роден во Прилеп во 1880 година. Каранџулов е учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Во Загреб завршил Педагошко училиште, а повеќе години учителствувал во родниот Прилеп и во други места низ Македонија.

Во 1898 година ѝ пристапил на револуционерната организација ВМОРО.

Во 1902 година бил затворен во Битолскиот затвор од турската власт, од каде подоцна успеал да избега.

Станал војвода на чета и инструктор – ревизор на четите во Прилепско.

Каранџулов учествубал на Прилепскиот конгрес во мај 1904 година. На 28 јули 1904 година неговата чета била откриена од Османлиите во околината на прилепското село Селце, во месноста Црвена Стена.

Во повеќечасовната нерамна борба, покрај другите, загинал и војводата Каранџулов.

(Подготвил: Д.Г.)