За 60 отсто е намалена популацијата на диви животни во светот од 1970 година до 2014 година. Тоа го нагласува во извештај Светскиот фонд за природа (WWF) кои предупредуваат на драматични и континуирани загуби и промени во биодиверзитетот.
За извештајот „Жива планета“, направен со Лондонското зоолошко друштво, следени се 4.005 различни видови птици, риби, цицачи, водоземци и влекачи.
Исчезнување на фауната е регистрирано на целата планета, но некои региони како тропскиот појас се посебно загрозени.
Во извештајот е регистрирано намалување на популацијата на диви животни за 58 отсто додека експерти во овогодишниот извештај предупредуваат за намалување од 60 отсто.
Во Јужна Америка и на Карибите има „застрашувачко“ намалување на популацијата на животни од 89 отсто за 44 години, пишува во документот.
Во тој период исчезнале 23 отсто фауна во Северна Америка и Гренланд.
Во Европа, Северна Африка и Блискиот исток – 31 отсто. За губење на биодиверзитетот најмногу влијае прекумерно искористување и земјоделието, намалување на природните живеалишта, загадувањето и климатските промени.