Во тек е протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса-Алтернатива во знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.
Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој истакна дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.
На прашањето од новинарот на ТВ21, дали е можна коалиција со СДСМ и БЕСА, Таравари посочи дека се е можно.
„Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и не верувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, посочи Таравари.