Еден од симболите на Вашингтон, Меморијалниот стадион „Роберт Френсис Кенеди“, деновиве започна да се демолира, за на негово место да се гради меморијален центар посветен на поранешниот сенатор и генерален обвинител Роберт Кенеди, брат на пранешниот претседател Џон Кенеди.  

Стадионот, познат по скратеното РФК, е еден од првите стадиони во САД специјализиран за мечеви на професионален американски фудбал и бејзбол. 

Стадионот долго време беше седиште на НФЛ тимот „Вашингтон командерс“ (поранешен „Вашингтон редскинс“), бејзбол тимот „Вашингтон сенаторс“ и „Вашингтон нејшналс“, како и на фудбалскиот клуб „Ди Си јунајдет“, и многу други. 

Тука се организираа и утакмици и од машкиот и женскиот светски фудбалски шампионат, девет фудбалски мечеви од првиот круг на Олимписките игри во 1996 година, боксерски мечеви, велосипедски и авто трки, и маратони.  

На стадионот настапувале Мадона, Rolling Stones, Aerosmith, Мајкл Џексон па дури и „Битлси“. На утакмиците на американски фуДбал во почесните ложи тука седеле претседателите Џон Кенеди, Линдон Џонсон, Ричард Никсон и Џорџ Буш помладиот. 

Денешните властите во градот не се брзаат да се збогуваат со ова историско место за Американците. Збогувањето е долго и празнично и започна уште во октомври, со распродажба на столиците од трибините.  

На церемонијата за збогување учествуваа претставници од локалните власти и од спортските тимови, многу спортисти евоцираа спомени како поранешниот заштитник на „Вашингтон командерс“ кој играше за тимот во 1989 година кога тој победи на Супербоул по втор пат, или актуелниот голман на „Ди-Си Јунајтед“, Бил Хамид.