Булеварот Партизанска, кој никогаш порано во историја на Скопје не бил поплавен, денес е под вода, а тоа е последица поради лошата изведба на неодамнешната реконструкција и неодржувањето на булеварите од градот Скопје и Петре Шилегов, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова е сликата денес и во Аеродром, и во Кисела Вода, и во Гази Баба и во Ѓорче Петров и Бутел. Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности. Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев. Оваа слика ќе се памети како град Скопје со Шилегов стана мала Венеција. Граѓаните се препуштени сами на себе. Бараме службите да им излезат во пресрет на граѓаните. Шилегов наместо да се фали со проекти како автобуска станици, ваучери за алкохолизирани лица, нека ги засука ракавите и нека почне да ги си исполнува своите должности, изјави Љупчо Миовски од ВМРО-ДПМНЕ.