Во Женева во тек е средба меѓу рускиот советник за национална безбедност Николај Патрушев и американскиот советник за национала безбедност, Џон Болтон објави Итар-Тасс.
Се очекува средбата да трае три до четири часа. Состојбата во Сирија, украинскиот конфликт, стратегиската стабилност и шансите за окончување на сегашната затегнатост во билатералните односи се очекува да бидат главни прашања во разговорите.
Рускиот заменик министер занадворешни работи, Сергеј Рјабков изјави дека исто така ќе се разговара и за иранското присуство во Сирија.