Кастрењето на американските уплати во ОН за Палестинците веќе имаат последици: во појасот Газа има недостиг од лекови, предупреди светската оргнизација.

Во ОН парите за помош одат за народот во Газа. Тие средства се користеа за набавка на гориво за околу 250 објекти, како што се болници или водоводи, изјави Розмари ди Карло пред Советот за безбедност на ОН. Таа побара 4,5 милиони долари за финансирање на енергијата до крајот на годината.

Ди Карло исто така изрази загриженост за резеревите од лекови.

Во јануари годинава САД драматично ги скратија плаќањата за помошта во агенцијата за палестинските бегалци. Годинава таму ќе стасаат само 60 милиони споредено со ланските 360 милиони.

Трамп кажа дека помошта ќе биде стопирана се додека Палестинците не се подготват за мировни разговори со Израел.