Две лица загинаа, а едно е сериозно повредено во напад со нож во париското предградие Трапес, соопштија француските власти.

Двајцата загинати во напад со нож биле идентификувани како мајка и сестра на напаѓачот, соопшти францускиот извор од Министерството за внатрешни работи.
Потоа напаѓачот со нож бил убиен од страна на полицијата.
– Полициската операција е завршена … лицето беше неутрализирано и тој е мртов, изјави претставник на локалната префектура на Твитер.
Еден официјален претставник претходно изјави дека полицијата испитува дали нападот, во кој напаѓачот бил убиен, била семејна кавга.
Претходно, Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, но не даде никакви докази дека напаѓачот со ножот бил поврзан со групата.
Трапес е лоциран западно од Париз. Од ова предградие со околу 30.000 жители, десетици радикализирани млади од заминаа за Сирија.
Претходно, како што објави МИА, вооружен маж со нож усмрти еден човек и рани две други лица денеска во предградие на Париз.

Детали за нападот засега нема, а според написите на локални медиуми, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.