Илјадници Индијци излегоа на еден од главните булевари во главниот град на Њу Делхи, за да присуствуваат на воената парада по повод Денот на Републиката и 70-годишнината од воведувањето на демократија во земјата.
За време на церемонијата, студенти, танчери, фолклористи, полициски и армиски баталјони маршираа по патеката, а зад нив беше прикажана воената опрема која ја поседува земјата.
На парадата имаше и бројни платформи на кои беше презентирана големата културна разновидност на Индија, додека мажите, жените и децата во шарени носии играа традиционални танци.
Парадата траеше 90 минути и се емитуваше во живо на телевизија.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро беше главен гостин на годинешната прослава. Индискиот претседател Рам Нат Ковинд и премиерот Нарендра Моди му доделија церемонијалната Почесна гарда во претседателската палата.
Пред парадата, Моди им оддаде почит на паднатите борци во новоизградениот воен меморијален центар во Њу Делхи.
Помали паради имаше и во главните градови на индиските држави.
Полицијата соопшти дека сепаратистичките екстремистикои редовно ги бојкотираат прославите на Денот на Републиката фрлиле пет бомби во источната држава Асам. Никој не е повреден, соопшти полицијата.