Две кинески провинции меѓу кои јужната кинеска провинција Гуандонг која е со најголемо население, ги обврзаа денеска своите над 110 милиони жители да носат заштитни маски за да не се заразат со епидемичната вирусна пневмонија, соопштија локалните власти.

Маските се задолжителни во централниот град Вухан од каде почна епидемијата.

Мерката е потребна во провинциите Гуангдонг на југ и Џиангси во централниот дел, плус источниот град Нанџинг, градот Масаншан во провинцијата Анхуи и градот Ксинианг во Хенан, според локалните власти.

Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина соопшти дека „ќе вложи исклучителни напори за непречено снабдување со маски“, откако побарувачката енормно се зголеми.